Лука Модриќ кој го доби признанието за најдобар играч на Светското првенство во Русија, изјави, дека наградата дошла благодарение на неговите соиграчи. Хрватите денеска загубија во големото финале од Франција со 4:2.
„Дадовме се од себе и бевме подобра екипа во поголемиот дел од мечот. Примивме неколку несреќни голови. На крајот тие слават, но, ние можеме да бидеме горди. Би сакал да се заблагодарам на екипата која ми помогна да го добијам признанието“ вели играчот на Хрватска.
„Кога ќе ја видите поддршката на навивачите тоа ве прави уште посреќен. Не е лесно да се доживее пораз, но, што е тука е“ – изјави Лука Модриќ кој постави и рекорд со бројот на претрчани километри на Мундијалот во Русија.