Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, имаше уште една причина за славење откако неговиот тим синоќа ја освои Лигата на шампионите.
36-годишниот ветеран потпишал нов договор со „кралевите“, тврди новинарот Фабрицио Романо. Информациите велат дека играчот од средниот ред веќе потпишал едногодишен договор, а веста и официјално ќе биде објавена во наредните денови.
Модриќ веќе има пет трофеи во Лигата на шампионите.

