Хрватскиот играч за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ го коментираше резултатот од 1/2-финалето со Манчестер Сити. Натпреварот заврши со резултат 1:1.
„За време на паузата требаше да поправиме нешто. Тренерот побара од нас да имаме поголем посед на топката и да преземеме иницијатива. Затоа го растоваривме Камавинга, тој почна почесто да поминува низ центарот на теренот и се покажа добро. Заслуживме подобар резултат. Сепак, на реваншот ќе пристапиме со иста самодоверба и оптимистички став за победа на гостински терен. Ниту една од екипите не оствари предност. Прашањето за победникот е отворено речиси во сооднос 50/50. И ние не се ни сомневавме дека ништо нема да биде решено денес“, изјави Модриќ ппо натпреварот.
Реваншот од 1/2 финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе се одигра на 17 мај на стадионот „Етихад“.