Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС) објави рангирање на најдобрите фудбалери во оваа деценија во Африка.
На врвот од оваа листа се најде напаѓачот на Ливерпул и египетската репрезентација Мохамед Салах. На второ место е неговиот клупски партнер, напаѓачот на репрезентацијата на Сенегал и Ливерпул, Садио Мане. Ријад Марез, играчот за врска на Манчестер Сити и репрезентацијата на Алжир е на треттото место.
Да потсетиме дека Салах игра за Ливерпул од 2017 година. Египетскиот напаѓач оваа сезона одигра 21 натпревар за Ливерпул во англиската Премиер лига, постигнувајќи 15 гола и 3 асистенции. Актуелниот договор на играчот со Ливерпул е до летото 2023 година. Од 2011 година, Салах е дел од репрезентацијата на Египет.