Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мохамед Салах очекувано е играч на сезоната во Премиер лигата
    Фудбал

    Мохамед Салах очекувано е играч на сезоната во Премиер лигата

    risteBy riste23/04/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах ја освои наградата за играч на сезоната 2017/2018 во англиската Премиер лига во анкетата на Здружението на професионални фудбалери.

    Интернационалецот од Египет ги остави зад себе триото од Манчестер Сити Кевин Де Бруин, Лерој Сане и Давид Силва, како и Хари Кејн од Тотенхем и Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед.

    „За мене е голема чест, особено да бидам избран од колегите“, изјави Салах, откако ја доби наградата во Лондон. „Среќен сум и многу горд. Благодарам на фудбалерите кои ме изгласаа“ заврши Салах.

    Салах е лидер на листата на стрелци во Премиер Лигата со 31 погодок во својата прва сезона во Ливерпул, по доаѓањето минатото лето од Рома. Тој има постигнато 41 гол во 46 натпревари во сите натпреварувања и во текот на оваа недела го очекува натпревар против својот поранешен тим во полуфиналето во Лигата на Шампионите.

    „Мојата лична желба е да победам со мојата екипа. И секогаш мислам прво за тимот, а потоа за себе. Најважно е да му донесеме на тимот некаков трофеј што може поважен, тоа подобро“ изјави Салах.

    Тој е седмиот фудбалер на „Црвените од Енфилд“, кој ја освојува оваа награда, а последен пат тоа му успеало на Луис Суарез во 2013/2014 година.

    Лерој Сане ја освои наградата за најдобар млад играч. 22-годишниот Германец му помогна на „Сити“ да ја освои титулата, а оваа сезона има 9 гола и 12 асистенции во 28 натпревари. По него следуваат Хари Кејн (Тотенхем), и соиграчите од „Сити“ Рахим Стирлинг и Едерсон Мораеш како и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.

    Рајан Сесињон од Фулам ја освои наградата за играч број 1 во Чемпионшип лигата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.