Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс, може да ја продолжи својата тренерска кариера во Франција. Споре днекои извори, стратегот добил понуда да го преземе тимот на Нант.
Францускиот клуб е активен во потрага по замена за Мигел Кардосо, па Мојс беше вклучен во листата на потенцијални кандидати за негов наследник.
Во текот на минатата сезона, Мојс го предводеше Вест Хем и ја завршил сезоната на 13. место, но „чеканите“ не се одлучија да ја продолжат соработката со него.
Во моментов, Нант го зазема 19. место во табелата во Лига 1 во Франција и влезе во зоната за испаѓање.