Мојс е категоричен, нема да плати 40 милиони

0

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, ги негираше медиумите дека ќе даде 40 милиони фунти за да го купи младиот напаѓач на Челзи, Тами Абрахам, кој во текот на летото ќе биде ставен на трансфер листата.

„Немаме потреба и немаме намера да купуваме напаѓач за толку пари. Повторувам: Нема шанси! Можам да ви кажам дека со таква цена нема да влеземе ниту во преговори“ – изјави Мојс.

Младиот Абрахам кој потекнува од школата на Челзи, главно играше како позајмен фудбалер во Бристол Сити, Свонси и Астон Вила.

Share.

Leave A Reply