Вест Хем доцна синоќа го победи Фрајбург во групната фаза во Лига Европа и стана првиот англиски состав кој врзал 17 средби во Европа без пораз. Менаџерот на„чеканите“, Дејвид Мојс, вели дека не го интересираат рекордите.
„Вчера ми кажаа за рекордот и за мене е голема чест што стојам покрај големите менаџери како Дон Реви и Бил Николсон. Среќен сум за победата. Рекордите се добра работа но, поважно беше да се освојат трите бода“ – прокоментира Мојс.
Вест Хем е лидер во групата А пред Фрајбург , Олимпијакос и ТСЦ Бачка Топола.