Македонската кик-бокс репрезентација која освои три медали на Европското првенство за кадети и јуниори во Истанбул, беше примена од страна на Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
Нашата експедиција се врати од Турција со две сребрени и една бронзена медала. Силвио Мировски во битка за златото загуби од грчкиот натпреварувач, Ефстахиадис Христос.
Марија Димовска стана новата европска јуниорска вице-шампионка додека Туркер Исмаил се искачи на третото место на пиедесталот.