Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска организираше прием за нашите каратисти кои остварија одлични резултати на Европското првенство во Газиантеп во Турција.
Таму Петар Спасеновски во категорија до 84 кг. го освои бронзениот медал, Вероника Костовска во борби до 61 кг. дојде до петтото место додека машкиот ката тим заврши на седмата позиција.
На приемот во АМС покрај Спасеновски и Костовска, присуствува и Александар Спасовски (кати) и селекторите, Стојан Андриевски (кати) и Александар Кузмановски (борби).

