Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојовски, денеска на прес-конференција во Владата, ја најави мерката Ваучер во спортот за 2022 кој им овозможува на спортистите, клубовите итн, да искористат средства од даночните обврзници во земјава.
„Во време на глобална здравствена криза, бележиме раст на реализацијата на мерката до фантастични 95проценти. Со оваа мерка се поддржани 174 спортисти, 46 федерации и 664 спортски клубови што значи дека 885 спортски субјекти и индивидуални спортисти ги почувствувале бенефитите од мерката ваучер-систем“ – потенцираше Мојовски.
„Со ваучер системот се реализираа нешто повеќе од 574 милиони денари од кои 390,3 милиони денари се од општествено одговорни компании а 184 милиони денари се од државата директно преку ковид програмата- истакна Мојсовски.