Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»МОК донираше спортски реквизити за училиштата во општина Аеродром
    Домашен микс

    МОК донираше спортски реквизити за училиштата во општина Аеродром

    sasoBy saso24/01/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот олимписки комитет (МОК) со задоволство донираше нови, квалитетни спортски реквизити за училиштата во општина Аеродром! Оваа значајна донација е дел од нашата заедничка визија за поддршка на училишниот спорт и создавање подобри услови за физичка активност на учениците.

    Благодарение на оваа донација,  учениците сега имаат можност да уживаат во новите реквизити и да се натпреваруваат во спортови како фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и многу други. Оваа иницијатива има за цел да ги поттикне и поддржи младите кон спортски активности и развивање здрави навики, што е основен приоритет за МОК.

    Oвие проекти се важен чекор за подобрување на спортската инфраструктура и за обезбедување на подобри услови за младите спортисти, како и за сите кои сакаат да се занимаваат со рекреативен спорт. Ова е само почеток на поголем план кој ќе го подигне нивото на спортот и физичката активност во Аеродром. Во соработка со МОК, веќе се одржа обука за наставниците по физичко образование, со цел да се подобри квалитетот на спортските активности во училиштата. Исто така, се планираат и спортски настани кои ќе ги вклучат учениците и наставниците.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.