Македонскиот Олимписки Комитет го казни голманот на Вардар, Борко Ристовски, со четиригодишна суспензија, поради клеветите упатени кон првиот човек на МОК, Даниел Димевски.
Токму Димевски го пријавил поранешен репрезентативец за навредите упатени на негова адреса на една македонска телевизија. Според одлуката, Борко Ристовски е казнет бидејќи „како претставник на политичка партија изнесувал лаги, клевети и ширел невистини за Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски.
Ристовски има рок од осум денови да поднесе жалба на одлуката на МОК.