Македонскиот олимписки комитет продолжува со сеопфатниот процес за ревитализација на локалниот спорт и зајакнување на врската меѓу училишниот и врвниот спорт. Преку продолжување на интензивна соработка, овој пат со општините Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров, се поставуваат нови темели за научен пристап во идентификација и селекција на младите македонските спортисти идни Олимпијци.
Револуционерен чекор во оваа соработка е користењето на Олимписката лабораторија за високи спортски перформанси. Овој Олимписки центар ќе овозможи прецизни мерења на антропометриски карактеристики, моторичките способности и физиолошките параметри на младите спортисти и преку оваа координирана акција, институциите ќе треба максимално да ја искористат постоечката спортска инфраструктура кон идното создавање врвни млади спортисти и идни Олимпијци.

