Управниот одбор на МОК ја одржа редовната седница на која претседателот Даниел Димевски поднесе финансиски извештај за 2023 година како и предлог-буџет за 2024.
Активностите на МОК во 2023 ги предводи добиенате организација на Европски младински олимписки игри Скопје 2025 како и учеството на Европските игри Краков 2023 и освоениот сребрен медал во Таеквондо на Дејан Георгиевски. Обезбедена е спортска опрема за Олимпијците – учесници на Игрите во Париз 2024 а потпишан е договор за партнерство со шпанскиот производител на спортска опрема- ЈОМА.
На седницата на УО беа поднесени извештаи за ОИ Париз 2024, Европските младински игри Скопје 2025, зимските олимписки игри Милано 2026 и Летните Младински Олимписки игри Дакар 2026.

