Македонската делегација која ќе не преставува на Зимските олимписки игри во Пекинг в недела заминува на Игрите каде ќе бидеме преставени од тројца спортисти во натпреварите во алпско скијање и нордиско трчање.
Денеска Македонскиот олимписки комитет одржа прес-конференција на која беа преставени нашите олимпијци и беа искажани нивните очекувања од настапите на ЗОИ Пекинг 2022.
Нашата делегација ќе биде предводена од Владимир Богоевски, спортскиот директор на МОК, а на чинот на свеченото отворање на Игрите македонското знаме ќе го носат скијачот Дардан Дехари и нордијката Ана Цветановска.