Македонскиот олимписки комитет ќе го награди Дејан Георгиевски кој го освои сребрениот медал во таеквондо на Летните олимписки игри во Токио.
„Олимпискиот комитет има задоволство да даде финансиска награда за успехот кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб подржан од Олимпискиот комитет. Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Дејан Георгиевски. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за наредните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 американски долари месечно“ – стои во соопштението од МОК.
Георгиевски денеска се враќа во татковината. Свечен дочек ќе биде организиран од 19.30 часот на градскиот плоштад.