Македонскиот олимписки комитет го одби барањето на Инцијативниот одбор кој пред извесен период јавно ја презентираше иницијатива за промени во составот на МОК.
„ Во врска со барањето за свикување на Вонредно Собрание на Македонскиот олимписки комитет, Ве информираме дека истото нема правна основа бидејќи не ги исполнувате условите согласно Статутот на МОК“ –стои во соопштението на нашиот Олимписки комитет.
„Во исто време ве информираме дека Вашето барање за дополнување на Статутот на Македонскиот олимписки комитет се уважува и земајќи ги в предвид строгите и прецизни напатствија од страна на Меѓународниот олимписки комитет, Ве информираме дека промената ќе биде направена во директна комуникација со Меѓународниот олимписки комитет“ – се вели меѓу друготот во соопштението на првиот човек на МОК, Васил Тупурковски.