Претседателот на Македонскиот олимписки комитет Д-р Васил Тупурковски и неговиот колега од Намибијскиот олимписки комитет, Сер Aбнeр Ксоагуб, потпишаа договор за соработка во областа на спортот.
Двата субјекта ќе соработуват во унапредување на стручниот кадар, обуките за тренери, размена на научни искуства од областа на спортот, развој и обука на спортскиот менаџмент и спортската администрација.
Со договорот се регулира и соработката на МОК со Намијбијскиот олимписки комитет во однос на координација на Олимписките програми на Националните спортски федерации и нивна поблиска комуникација и соработка за унапредување на спортските перформанси на најдобрите спортисти од двете земји.