По објавените информации од медиумите во Македонија за злоупотреба на службените позиции на функционери од МОК, во однос на вакцинирање и патување на блиски лица до првите луѓе на МОК и првиот човек на АМСМ, со реакција се јави и Олимпискиот комитет кој даде објаснување и појаснување на сето тоа:
Во продолжение информацијата на МОК во целост:
Со цел веродостојно информирање на јавноста, Олимпискиот комитет на Северна Македонија информира дека Олимписката делегација за Олимписките игри ТОКИО 2020, кои се сместени во Олимпиското село во Токио, е во состав:
- Владимир Богоевски – Шеф на делегација
- Небојша Настов – доктор
- Дејан Георгиевски – спортист
- Дарко Костовски – тренер
- Борче Костовски – тренер
- Филип Додевски – спаринг партнер
- Миа Блажевска Еминова – спортист
- Филип Деркоски – спортист
- Илија Стојановски – тренер
- Јован Стојоски – спортист
- Марина Мишиќ – тренер
- Борјан Бранковски – спортист
- Јордан Тасевски – тренер
- Пулексенија Јованоска – спортист
- Стојан Aндриевски – тренер
- Арбреша Реџепи – спортист
- Горан Мицкоски – тренер
- Магомедгаджи Нуров – спортист
- Могамед Ибрагимов – тренер
Сите погоре наведени се сместени во Олимпиското село во Токио.
Согласно правилата на Меѓународниот олимписки комитет, официјални гости за кои трошоците за престој и пат ги поднесува исклучиво ИОК се Даниел Димевски – претседател, Сашо Поповски – Генерален секретар, Наумче Мојсовски – висок државен претставник, сите со по еден член во придружба.
Ова е комплетниот состав на македонската делегација во Токио.
Олимпискиот комитет на Северна Македонија ниту има закупено хотелски соби нити има платено какви и да се финансиски средства за оваа намена која е во целост финансиски покриена од страна на ИОК за сите погоре наведени лица.
Во услови на засилени и строги мерки заради глобалната пандемија КОВИД – 19, кога сите движења се ограничени до максимум, кога излезот на спортистите надвор од Олимпиското село не е дозволен, туку можни се само настапи на спортските натпревари, а официјалните лица не смеат да излагат од хотелот, нивниот престој е исклучиво во работна функција и договарање на нови Олимписки програми и проекти за кои дополнително и детално ќе информираме.
Олимписки комитет на Северна Македонија