Претседателот на унијата на професионални фудбалери во Англија и Велс (ПФА), Махета Моланго, изјави дека се подготвени да побараат правна заштита поради зголемување на бројот на натпревари.
„Играчите се свесни дека се предобро платени но, телото има граници кои постојано се преминуваат“ – изјави Моланго.
Реакцијата доаѓа по одлуката на ФИФА да воведе нов формат на Светското клупско првенство од 2025 година на кое ќе играат дури 32 екипи.