Рускиот фудбалер Александар Головин и официјално е нов играч на Монако откако го комплетираше трансферот од ЦСКА Москва во Монако.
Напаѓачот имаше одличен настап во дресот на својата репрезентација на СП во Русија пред домашната публика и беше блиску до трансфер во Премиер лигата односно во Челзи, но на крај сепак се одлучи да ја прифати понудата од Монако и потпиша петгодишен договор со овој францускиот тим.
Од Монако потврдија дека жестока била конкуренцијата за потписот на Головин, затоа што биле заинтересирани многу европски фудбалски гиганти.
Русинот помина четири сезони во ЦСКА, а сега ќе биде во тандем заедно со Радамел Фалкао и ќе се обидат да го вратат Монако повторно на врвот во домашниот шампионат.