Монако побара од Јувентус да се изјаснат околу цената за трансферот на играчот од средниот ред Клаудио Маркизио.
32-годишниот фудбалер има маргинална улога во составот на „Старата Дама”, а минатата сезона одигра само 20 натпревари во сите натпреварувања. Неговата возраст и се повеќе жестоката конкуренција во средниот ред на Јувентус значат дека Маркизио ќе добива се помалку можности за докажување, иако е миленик на навивачите. Значи, нема да биде изненадување ако тој бара друг предизвик.
Монако одамна ја следи ситуацијата со италијанскиот репрезентативец и е подготвен да направи понуда за него. Французите упатија барање до Јуве за цената на играчот. Мала е веројатноста дека ќе биде особено висока, така што двата клуба најверојатно ќе може да се договорат за овој трансфер.