Тренерот на фудбалерите на Монако, Ади Хутер, имаше само пофални зборови за составот на ПСЖ пред големото дерби на Лига 1.
„Моментално ПСЖ е меѓу најдобрите тимови во Европа. Сега се посилни отколку во декември кога игравме во Катар во Купот“ – рече Австриецот и се насочи кон најновото засилување, Мурати, кој во текот на зимава беше ангажиран од турскиот состав Бешикташ.
„Мурати е искусен играч со европски натпревари. Технички е добар. Може да игра со ПСЖ бидејќи е во форма“ – нагласи тренерот на Монако.

