Фудбалерот на Ливерпул, Минамино, летово ќе се пресели во францускиот состав Монако.
Тимот од Кнежевството ќе им плати на „црвените“ 15 милиони евра а сумата може да се зголеми до вкупни 18-ет гледано преку бонуси.
Јапонецот кој во 2020 година беше купен од австрискиот Салцбург, одигра 55 средби за Ливерпул и постигна 14 голови .Тој во еден период играше како позајмен за Саутемптон.