Францускиот репрезентативец Висам Бен Једер и официјално се приклучи на Монако со 5-годишен договор.
За неговите услуги беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но по затворањето на трансфер периодот во Англија пропадна можноста за купување на Бен Једер од страна на клубот од „Олд Трафорд“.Поранешниот играч на Тулуз ќе го чини клубот од Монако 40 милиони евра, а тој ќе биде главниот напаѓач на тимот по заминувањето на Радамел Фалкао.
„Многу сум среќен што сум дел од Монако. Ја чувствував големаѕа желба на клубот за да ме привлече и верувам дека ова ќе биде успешен проектот. Ќе дадам се од себе за да ги исполнам нашите амбиции. Дојдов овде со желба да се искачам на едно ниво погоре “, рече 29-годишник фудбалер, кој постигна 70 гола на 138 натпревари во текот на три сезони поминати во Севиља.