Напаѓачот на Севиља Бен Једер може да се врати во Франција до крајот на трансфер периодот. Како што објавија неколку француски весници, за фудбалерот се заинтересирани Олимпик (М) и Монако.
Француските клубови се подготвени да платат 22 милиони евра, но Севиља сака да добие најмалку 25 милиони евра. Минатата сезона Бен Једер одигра 42 натпревари, постигнувајќи 22 гола и направи 5 асистенции, а и во новата сезона почна со гол и асистенција.