Ракометарите на Вардар нема да ја бранат титулата европски шампион откако загубија од Монпелје со 28 спрема 27 второто полу-финале на Ф4 турнирот во Келн.
„Црвено-црните“ потфрлија во одбраната, Штербик остана без вообичаениот ефект а Милиќ иако имаше неколку значајни одбрани не можеше да го сврти мечот. Циндриќ, Дибиров, Борозан и другите ѕвезди беа далеку од посакуваниот ритам. Французите беа крајно мотивирани, луцидни, брзо дејствуваа и во одбаната и во нападот и практично од самиот почеток го диктираа темпото.
Во нашиот тим Вуко Борозан и Лука Циндриќ постигнаа по шест голови додека кај противникот се издвои Валентин Порт со осум погодоци. Вардар утре од 15.00 часот ќе игра против ПСЖ за третото место додека во големото финале од 18.00 часот ќе се сретнат Нант на нашиот Кире Лазаров и составот на Монпелје.