Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела, по ремито на гостувањето во Минхен и елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите изјави дека може да биде горд на своите фудбалери.
„Се обидовме да победиме и прикажавме одлична игра. Задоволен сум од тоа како тимот со еднакви услови се бореше со таков опасен противник како Баерн. Ние сме елиминирани од Лигата на шампионите, но заминуваме со крената глава. Слушав како нашите навивачи пејат низ целиот мел. Горд сум што сум тренер на Севиља“, изјавил Монтела по средбата.