Паоло Монтеро кој ја има улогата на времен тренер на фудбалерите на Јувентус, се осврна на вчерашното реми кај Болоња (3:3) во меч од 37. коло на италијанската Серија „А“. Неговиот тим во еден период имаше негатива од 3-0.
„Според мене, ремито е реален исход. Игравме против еден од најдобрите тимови во моментов“ – вели тренерот на „старата дама“.
Монтеро пред само неколку денови ја презеде функцијата откако Масимилијано Алегри заработи отказ.