Фудбалерот на Милан, Рикардо Монтоливо, нема намера да си замине од редовите на „росонерите“ иако челниците и тренерот, Џенаро Гатузо, јавно му посочија дека нема да го вклучат во плановите за новата сезона.
Монтоливо и покрај нивните укажувања не сака предвреме да го раскине договорот и да побара нов тим наведувајќи дека неговата сопруга е бремена и дека сака да остане во Милано.
33-годишниот фудбалер има активен договр со италијанскиот состав до јуни во 2019 година.