Катерина Монзул ќе биде првата дама што ќе суди во финалето на Купот на Украина, објавија од Фудбалската федерација на Украина. Натпреварот ќе се одигра утре, а ќе се сретнат Динамо (Киев) и Ворскла (Полтава).
Монзул која има 39 години е исто така првата дама во историјата што судеше на натпревар од локалното првенство. Таа своето деби го направи во 2016 година во натпревар меѓу Черноморец (Одеса) и Волин (Лутск), откако претходно беше дел од финалето на Светски куп помеѓу САД и Јапонија.
Монзул нема е првата жена која била на теренот на еден финален натпрева, но е првата која е главен судија, затоа што Наталија Рахинска во 2012 година стана првата дама која беше помошник судија во финалето на Купот на Украина.

