Фудбалскиот состав Атлетико Мадрид објави дека Алваро Мората од денеска е нов играч на шпанскиот состав. Голгетерот кој беше земен на позајмица од англискиот Челзи, потпишал договор кој ќе биде активен до летото во 2020 година.
„Се чувствувам среќен. Многу сум задоволен и горд што сум тука ” – потенцираше напаѓачот кој се врати во татковината.
Мората први фудбалски чекори ги направи во jуниорската школа на Атлетико а потоа се пресели во Академијата на Реал Мадрид. На „Сантијаго Бернабе“ прв пат влезе во професионалните фудбалски води.