По големиот трансфер на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, не престануваат реакциите на видни личности од светот на фудбалот.
Масимо Морати кој своевремено беше прв човек на Интер, вели дека ако сега ја има таа улога, сигурно ќе го ангажирал Роналдо како што тоа го стори со неговиот имењак од Бразил во 1997 година.
„Јувентус направи одличен потег. Јас бев во таква ситуација со ангажманот на Бразилецот Роналдо. Затоа мора да му се честита на Јувентус “ потенцирал Морати.