Шпанскиот напаѓач на Јувентус Алваро Мората го постигна победничкиот гол на натпреварот од четвртото коло во групната фаза од Лигата на шампионите против унгарски Ференцварош (2:1).
Ова е петти гол на Шпанецот во четири натпревари во сезоната 2020/2021. Така, тој го повтори сопствениот резултат од сезоната 2014/2015. Тогаш, исто така играјќи за Јувентус, Мората постигна пет гола на 12 натпревари. Таа сезона, Јувентус стигна до финалето во Лигата на шампионите, каде загуби од Барселона. Мората вкупно постигна осум гола оваа сезона.
На другиот натпревар од оваа група, Барселона го совлада Динамо Киев со резултат 4:0. Барселона води со 12 поени, пред Јувентус кој има 9 псвоени бодови и со тоа теоретски обезбедија пласман во елиминациите на Лигата на шампионите.

