Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората и дефанзивецот на Ајакс, Николас Таљафико може да ги продолжат своите кариери во Барселона, според шпанскиот „Sport.es“.
Истиот извор пишува дека двајцата играчи се главна мета на Барселона за зимскиот преоден рок. Раководството на Барса преговара со италијанскиот и холандскиот клуб и претставници на играчите. Таљафико има постигнато еден гол на 10 првенствени натпревари оваа сезона. Има и една асистенција во два меча од Лигата на шампионите.
Договорот на Таљафико истекува во јуни 2023 година. Сезонава Мората на 22 натпревари во италијанското првенство постигна пет гола и имаше три асистенции. Тој има и два гола и една асистенција на пет натпревари од Лигата на шампионите. Актуелниот договор на напаѓачот со Јувентус е со важност до јуни 2022 година.