Фудбалерите на Шпанија и Португалија вчера во Севилја одиграа 1:1 во групата 2 од Лигата А во Лигата на нации а домашниот напаѓач, Алваро Мората, вели дека „фуријата“ требала да победи.
Домаќинот поведе токму со голот на Мората во 25 минута додека Португалците изедначија со погодокот на Рикардо Орта на десет минути пред крајот.
„Моравме да ги докрајчиме но, им дозволивме да се вратат во мечот и да обезбедат реми. Треба да аналзираме што се случи и да размислуваме за нредниот меч“ – беа зборовите на Мората.

