Фудбалерот на Челзи, Алваро Мората, вели дека максимално мотивиран влегол во новата сезона. Тој иако се поврзуваше со трансфер во Италија во Јуве или Милан, сепак се определи да остане во лондонскиот состав.
„Никогаш немав опција да заминам. Новинарите пишуваа, навистина имав понуди на маса, но, луѓето во Челзи веруваа во мене, ме донесоа во Лондон и моја цел е да им докажам дека не погрешиле“ – вели Мората.
„Сега играме ниско по земја и тоа многу повеќе ми се допаѓа. Затоа и сум оптимист“ – вели голетерот од Шпанија по дерби дуелот со Арсенал во кој го даде првиот сезонски погодок.