Фудбалерот, Алваро Мората, не крие дека сака да се врати во Италија и тоа во екипата на Милан иако за неговите услуги е заинтересирана и Рома.
30-годишниот напаѓач повторно сака да игра во Серија „А“ бидејќи во еден период настапуваше за Јувентус. Фудбалерот е подготвен да ја намали платата и за околу 5 милиони евра по сезона да го облече дресот на „росонерите“.
Сега останува само на челниците на Атлетико Мадрид и на италијанскиот тим да ја дефинираат трансферната сума.