Напаѓачот на фудбалскиот состав Јувентус и на шпанската репрезентација, Алваро Мората, зборуваше колку можат да бидат опасни депресијата и другите психички заболувања кај спортистите.
„Не бев во депресија и се надевам дека никогаш нема да паднам, но, јас бев многу близу до таква состојба. Мислам дека не и посветуваме доволно внимание“ – вели Мората.
„Кога главата не работи правилно, самите сте си непријател. Депресијата е како фрактура на глуждот. Како што работиме на нашето тело, така мора да се грижиме и за нашата психа“ – потенцираше Мората.