Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Алваро Мората, не крие дека во изминатите месеци размислувал да си замине од екипата бидејќи не е задоволен од прикажаното.
„Изминатата сезона не бев среќен, се беше кошмар. Мислев дека ќе се вратам во шпанскиот или во италијанскиот шампионат. Ја напуштив мојата татковина и не знаев каде сум“- изјави 25-годишниот поранешен напаѓач на Јувентус и Реал Мадрид.
„Ми беше многу тешко бидејќи не добив повик да настапам на Мундијалот. Тоа беше коректна одлука на селекторот, Лопетеги“ – вели Мората кој остана на „Стемфорд Бриџ“ и реално гледано се препороди со новиот менаџер, Маурицио Сари, кој му даде можност да настапи на сите четири натпревари во Премиер лигата.