Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, по победата над Барнли синоќа се извини за своето однесување на средината на второто полувреме. Имено, по одлуката на Конте да го замени, тој демонстративно ги фрли копачките.
„Челзи освои 3 бода. Победата над Барнли е најдобриот начин да се подготвиме за дуелот со Саутемптон в недела. Сакам да се извинам за мојата реакција кога бев испратен на клупата. Кога нема да успеам сум многу лут на себе“, напишал Мората на Twitter.