Шпанскиот фудбалски напаѓач, Алваро Мората, денеска треба да потпише договор со екипата на Атлетико Мадрид откако ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи.
Играчот на Челзи во наредната година и половина ќе настапува како позајмен во редовите на “јорганџиите“ кои пак, имаат можност да го откупат неговиот договор во летото во 2020 година. Доколку тоа не го направат, Мората ќе треба да се врати во редовите на лондончани.
„Многу сум среќен и со нетрпение чекам да започнам да тренирам со новите соиграчи“ – изјави Мората.