Масимо Морати, кој на времето беше прв човек на фудбалскиот состав Интер, вели дека сегашниот тим има квалитет и одличен тренер, но, ги нема резултатите што ги очекуваат навивачите.
„Тимот е во криза иако составот е силен. Тимот не е целосно фокусиран на игрите. Ситуацијата е малку збунувачки, имајќи го предвид квалитетот на играчите“ – изјави Мората.
„Нероаѕурите“ се на второто место на табелата со големо заостанување во однос на лидерот Наполи. Интер утре го чека и реваншот со Порто во Лигата на шампионите.