Поранешниот прв човек на Интер, Масимо Морати, се осврна на новата титулата што ја обезбедија фудбалерите на Јувентус кои доминираат во Серија „А“ во последниве седум години.
Тој не ја пропушти можноста да потенцира дека тимот од Торино има моќ на сите полиња а посебно врз судиите. Неговата изјава веројатно ќе предизвика реакција кај „црно-белите“ кои на крајот на сезоната ќе го подигнат шампионскиот пехар.
„Јуве има одлична организација, можеби најдобра во Италија. Тоа е моќен тим и затоа се радува на титулите во континуитет. Јуве е респектиран од повеќе фактори а можеби најмногу од судиите“ – вели Морати.