Младиот фудбалер на Барселона, Илаиш Мориба, може да направи трансфер во екипата на Тотенхем откако Каталонците ги одбија неговите финансиски барања за да потпише нов договор.
Сега 18-годишниот играч може да договори соработка со „Спарси“ до 2025 година. Се претпоставува дека англичаните ќе платат околу 20 милиони евра за репрезентативецот на Гвинеја кој има и шпанско државјанство.
Претходно, германскиот Лајпциг испрати понуда за него во висина од 15 милиони евра, но, тимот од „Kамп Ноу“ експресно ја одби.