Селекторот на јапонската фудбалска репрезентација, Хаџиме Моријасу, ќе остане на функцијата до Светското првенство во 2026 година, потврдија челниците на федерацијата.
Неговата селекција имаше сензационални победи против Германија и Шпанија на Светското првенство во Катар и успеа да стигна до осминафиналето.
Моријасу ќе биде првиот селектор на „самураите“ што ќе се појави на два последователни Мундијала.