Сопственикот на Евертон, Фархад Мошири ја демантираше информацијата дека сака да го продаде клубот.
„Клубот не е на продажба. Точно е дека разговарав со водечки инвеститори кои можат да му помогнат на клубот. Главната задача сега е да се привлечат врвни инвеститори. Блиску сме до договор. Ова не е продажба на клубот. Ова ќе помогне да се стекне повеќе искуство во областа на спонзорството и комерцијалниот развој, бидејќи многу специјализирани спортски инвеститори го имаат овој сет на знаење“, изјавил Мошири.
Евертон е во тешка ситуација и бара начи како да остане во Премиерлигата.