Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота, не го крие задоволството од победата против Емполи со убедливи 4-1 иако гостите имаа предност по првиот дел.
„Им честитам на моите играчи за храброста што ја покажаа. Видов многу одговорност на теренот . Сакаме да продолжиме така. Му реков на Душан дека ќе постигне гол“ –рече Мота.
„Среќен сум за сите играчи бидејќи остварија голема победа. Кенан е многу млад и имаме голема верба во неговата иднина“ – рече тренерот на „старата дама“ .

