Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, по вчерашното реми кај Емполи без голови во меч од Серија „А“, вели дека не е задоволен од играта во нападот.
„Не е лесно со тим кој се брани како Емполи. Дефинитивно треба да ја подобриме нашата игра во средниот ред и во нападот. Влаховиќ не може да игра сам“ – вели Мота.
„Старата дама“ по една сезона се враќа во Лигата на шампионите. На стартот на новото издание во вторник, ќе му гостува на ПСВ Ајндховен.

